Патрис Евра: Дајте му „Оскар“ на Алиоски

Езгијан Алиоски е во центарот на вниманието на англиската јавност по дуелот меѓу Лидс и Арсенал, на кој македонскиот репрезентативец беше удрен со главата од Николас Пепе, поради што најскапиот фудбалер во историјата на „топчиите“ заработи директен црвен картон.

Факт е дека ударот не беше пресилен, а токму на тоа се осврна Патрис Евра, кој како аналитичар на Скај Спортс ги потенцираше актерските способности на македонскиот репрезентативец.

„Алиоски заслужува оскар. Начинот на кој падна беше како Пепе да му го имаше скршено носот“, прокоментираа Евра.

Се вчитува...