Патрис суспендиран за гризењето противнички играч

Италијанската Фудбалска Федерација експресно го казни дефанзивецот на Лацио, Патрис, кој заработи црвен картон на синоќешниот дуел со Лече поради гризење на противнички фудбалер. Шпанскиот интернационалец доби суспензија од четири натпревари за овој сериозен престап, за кој јавноста бараше асот на римскиот клуб да биде уште пожестоко казнет.

Покрај суспензијата, Патрис ќе треба да плати и парична казна од 10.000 евра. Ова значи дека дефанзивецот на Лацио ќе ги пропушти дуелите со Сасуоло, Удинезе и Калјари, како и големото дерби против Јувентус, а повторно би му бил на располагање на тренерот Инзаги на дуелот со Верона закажан за 26 јули.

Лацио и Јувентус ги загубија своите натпревари од 31. коло во Серија А, по што на седум рунди до крајот римскиот клуб се уште заостанува седум бода зад „старата дама“.

Се вчитува...