Пау Гасол го пропушта Светското првенство во Кина

Легендата на европската и шпанска кошарка Пау Гасол е успешно опериран, за подобро да се рехабилитира од скршеницата на ногата, пренесуваат од таборот на Милвоки Бакс.

По операцијата легендарниот центар, мора да паузира минимум три месеци, што значи дека најверојатно ќе го пропушти Светското првенство во Кина, кое ќе се игра од 31 август, до 15 септември.

„Операцијата беше успешна, Пау е под лекарски надзор, а неговото враќање на терените се очекува да биде на стартот на следната сезона“, стои во соопштението на Милвоки. 

Двократниот НБА шампион, во март месец во трејд од Сан Антонио премина во тимот на Милвоки Бакс.

Се вчитува...