Павлов и Костовска најдобри каратисти на Македонија за 2020 година (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Карате федерацијата на Македонија ги избра најдобрите за 2020 година. Во категоријата најдобар сениор во машка конкуренција во борби признанието го доби Емил Павлов, пред Петар Спасеновски и Жарко Арсовски. Кај дамите најдобра каратистка за 2020 година е Вероника Костовска, пред Ангела Мојсовска и Симона Заборска.

Во категорија на кати најдобри се Фери Исиќ и Пулексенија Јованоска, додека за најдобар тренер во сениорска и во младинска категорија е прогласен Бошко Заборски. Макпетрол ја освои наградата за најдобар клуб во младинска и во сениорска категорија.

 

 

 

 

Се вчитува...