Павлов ќе се бори за бронза на силната Премиер-лига во Истанбул

Најдобриот македонски спортист Емил Павлов во недела ќе се бори за бронзениот медал во категоријата до 60 килограми на силната Премиер-лига во Истанбул. Павлов По три издвојувани победи во првите три кола, во полуфиналето беше совладан од Азербејџанецот, Фирдовси Фарзалијев.

Во борбата за третото место која е закажана за во недела Павлов ќе се сретне со Казахстанецот Садридин Сајматов. Павлов е еден од главните македонски карате кандидати кои се во игра за обезбедување на пласман на Летните олимписки игри во Токио.

Се вчитува...