Павловиќ го одби Вардар и потпиша за Мелсунген

Плејмејкерот на ППД Загреб, Домагој Павловиќ го напушта хрватскиот шампион, но не за да дојде во Вардар, туку за да го засили Мелсунген. Хрватскиот репрезентативец со ППД Загреб има договор до 2019 година, сепак, заминува една година порано со соодветно обесштетување од германскиот бундеслигаш.

На Ф4 турнирот во СЕХА лигата што се одржа викендов во Скопје, Павловиќ потврди дека има интерес и преговори со неколку клубови, меѓу кои и Вардар, но не и конечна одлука. Неколку дена потоа падна и одлуката за четиригодишен договор на хрватскиот бек со Мелсунген.

Што се однесува до Вардар пак, засега сигурни се остануваат ангажман на српскиот голман Дејан Мкилосавњев и потврдата од Сергеј Горбок дека од следната сезона се враќа во Скопје. Во најавите без официјална потврда, е трансферот на двајцата руски репрезентативци – средниот бек Дмитри Житников од ПИК Сегед и десниот бек Дмитри Кисељев од Санкт Петерсбург.

Се вчитува...