Пазарите се уште позелени – Продолжува акцијата на MOZZART за поделба на еколошки торби!

Овој пат биоразградливи торби беа поделени во Буњаковец

Пазарите низ Скопје овие денови стануваат уште позелени! Во Буњаковец продолжи големата акција за поделба на биоразградливи торби, која компанијата Mozzart ја започна веднаш штом стапи во сила обврската за наплата на најлонските кеси од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа преку низа проекти посветува големо внимание на зачувување на животната средина и разубавување на нашата заедница, а преку оваа акција ќе сподели повеќе од 2.000 еко торби!

Овојпат, изненадување ги чекаше жителите од централното градско подрачје, кои тргнаа да пазаруваат на познатиот зелен пазар Буњаковец. Додека купуваа овошје, зеленчук, прехранбени производи, љубезните хостеси ги израдуваа со торби.

„Заштитата на животната средина и екологијата се еден од приоритетите во нашето општествено одговорно работење. Знаеме дека не е лесно да се променат навиките на луѓето, но доволно е секој од нас да покаже волја да направи мал чекор, како што е отстранување од секојдневна употреба на кесите кои и штетат на околината. Платнените торби се одлична алтернатива и веруваме дека ќе придонесат за подигнување на свестa кај граѓаните за зачувување на животната средина“, нагласи Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси Mozzart.

 

Се вчитува...