Барселона го претрпе првиот пораз во Ла Лига сезонава, и тоа крајно болен откако каталонците беа декласирани со 4-1 на гостувањето против Севилја.
Левандовски промаши пенал за израмнување при 2-1, казната стигна со два гола на Севилја во финишот, а Педри не го криеше разочарувањето по потпросечното издание на каталонскиот гигант.
„Ужасно… слободно можам да кажам дека Барса одамна нема одиграно така слаб меч како овој со Севилја. Се мачевме со топката, немавме одговор за нивниот пресинг „човек на човек“, немавме ниту интензитет во одбраната. Првото полувреме беше катастрофално, не знаевме ни како да напаѓаме ниту пак како да се браниме. Мораме да поправиме многу работи, позитивната серија што ја имавме е прекината, треба да бидеме самокритични, да видиме каде сме погрешиле за тоа да не ни се повтори“, изјави плејмејкерот на Барса, кој беше асистент при единствениот гол на својот тим што беше дело на Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

