Шпанскиот стручњак Педро Мартинез повеќе не е тренер на Валенсија, објави новиот шпански шампион. Пред само три месеци, на 25 март 2026 година, каталонскиот тренер го продолжи договорот со Валенсија до крајот на сезоната 2027/28.
Мартинез ја напушта Валенсија како тренер со најголем број водени натпревари (282) и најмногу победи (207).
„Откако ја плати откупната клаузула од својот договор, која му овозможи еднострано да го раскине договорот со Валенсија, Педро Мартинез повеќе не е поврзан со клубот и се повлекува од функцијата главен тренер на нашиот клуб“, се наведува во соопштението на Валенсија.
65-годишниот Мартинез го откупи својот договор за да може да стане тренер на Реал, на местото на Серџо Скариоло, кој беше отпуштен во четвртокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
