Челси забележа значајна победа над Тотенхем, најавувајќи излез од кризата и спасувајќи го Маурицио Сари од отказ. Стрелец на првиот гол, Шпанецот Педро, посочи дека овој триумф е само уште еден доказ за карактерот и тимскиот дух на „сините“ од Лондон, што не е нарушен ниту со конфликтот меѓу Сари и Кепа во финишот од неделното финале од лига-купот на Англија.
„Читав многу работи за поделби во нашиот тим, но вистината е дека во Челси нема кланови. Сите сме единствени и даваме се од себе за да најдеме излез од резултатската криза. Она што е најважно, сите сме зад Сари, имаме доверба во нашиот тренер и тоа не се промени ниту со конфликтот со Кепа. Тренерот е тој кој ги носи одлуките, наше е да ги почитуваме“ – изјави Педро.
Сари доби „простор за дишење“, но јасно е дека Челси не смее да си дозволи нов „кикс“, па Педро и соиграчите мораат да освојат шест бода во следните две кола против Фулам и Вулверхемптон, останувајќи во игра за четвртото место кое значи пласман во ЛШ за наредната натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА