Шпанскиот фудбалер Педро Родригез синоќа со Челси ја освои Лигата на Европа, со што успеа да комплетира неверојатна колекција на трофеи. Пред Лигата на Европа, Педро ги освојуваше Светското, Европското првенство, Лигата на шампионите, Европскиот супер куп и Светското клупско првенство, со што стана првиот фудбалер кој успеал да ги освои сите трофеи.
Тој во кариерата ги освојуваше и Ла лига, Копа дел Реј, Суперкупот на Шпанија, Премиер-лигата и ФА купот. Тоа значи дека Педро вкупно во кариерата досега има освоено 25 трофеи, што го прави еден од најтрофејните фудбалери.
Покрај тоа што ги има освоено сите трофеи, тој во кариерата во финалните натпревари постигнуваше голови. Педро е единствен Шпанец кој постигнал гол во финалето на Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА и Светскиот клупски шампионат.
—World Cup
—European Championship
—Champions League
—Europa League
—UEFA Super Cup
—Club World Cup@_Pedro17_ is the only player ever to have won all these trophies ? pic.twitter.com/oVi354jjLR— B/R Football (@brfootball) May 29, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА