Пехарите кај Комити, слики за подарок за Душебајев и за Ангелов (ФОТО)

Три дена по историската победа во финалето од Лигата на шампионите, Вардар се закити и со нов пехар во македонското првенство, за заокружување на најуспешната сезона во клупската историја. „Црвено-црните“ попладнево славеа во Велес над Борец, по што се вратија во Скопје, за во својата сала „Јане Сандански“ да го примат шампионскиот пехар што им беше доделен од страна на претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

„Црвено-црните“ потоа ги предадоа пехарите кај своите верни „комити“, кои имаа можност да го кренат трофејот од Лигата на шампионите.

Воедно, раководството на Вардар со пригодни подароци се прости од Алекс Душебајев и од Петар Ангелов, кои со завршувањето на оваа сезона ги менуваат клупските бои.

Слики за подарок добија и Александар Деревен и тренерот на голманите Горан Симиќ, кои исто така летово го напуштаат „црвено-црното семејство“.

titula4 titula5 titula7 titula6 titula2 titula3 titula8

Се вчитува...