Атлетико Мадрид држи сè во свои раце, иако пред две недели се чинеше дека ја прокоцкаа својата шанса. Тимот на Симеоне е лидер на табелата во Ла Лига со 80 бода, Реал е зад нив со освоени 78, додека Барселона е надвор од конкуренција заради поразот од Гранада, и ремито со „јорганџиите“ и Левенте.
Пехарот на шпанскиот шампион веќе пристигна во Мадрид, ќе им биде предаден на фудбалерите на Атлетико доколку ја победат Осасуна, а Реал загуби од Атлетик во Билбао.
Атлетико сигурно ќе стане шампион доколку ги освои сите шест бода, додека на Реал му треба барем една грешка на градскиот ривал, но ако претходно оствари победи над Билбао и Вилјареал во последното коло. На Барселона и треба чудо што тешко е да се случи – Атлетико да освои само еден бод од два натпревари, а Реал да освои најмногу три.
Сите натпревари од последните две кола во Ла Лига се на програмата во исто време, па останува да видиме дали денес по 20 часот ќе го добиеме новиот шампион на Шпанија?
Инаку, Атлетико ја чека титулата уште од 2014 година, кога ја освоија првата титула по 1996 година во последното коло обезбедувајќи реми на „Камп Ноу“.
Денес, од 18.30 часот, стартуваат сите натпревари од Ла Лига, но во центарот на вниманието ќе бидат:
Атлетико Мадрид – Осасуна
Атлетик Билбао – Реал Мадрид
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА