Пејовски и Стефановска најдобри на Завршниот национален турнир на Македонија во бадминтон

Иван Пејовски во машка категорија и Ина Стефановска кај дамите се шампиони на Завршниот национален турнир во бадминтон за сезоната 2019/2020.  Првенството беше организирано по строго пропишан протокол за заштита од COVID-19 на Бадминтон федерацијата на Македонија кои претходно беа одобрени од „Комисијата за заразни болести“ при Министерството за здравство.

На првенството учество земаа натпреварувачи од 6 клубови: БК „Оникс“, БК „ВИП“, БК „Победа“, УСК „Ѓорѓи Димитров“, УСК „Владо Тасевски“ и БК „Инекс“ со вкупно 118 натпреварувачи. Натпреварите се одржаа на 5 терени во сите дисциплини и тоа во сингл, дубл и мешани двојки во 7 возрасни категории.

РЕЗУЛТАТИ НА ЗАВРШНИОТ НАЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО БАДМИНТОН СЕЗОНА 2019/2020:
У9 МС прво место за Кален Тасевски;
У9 МД првото место го освоија Кален Тасевски и Леон Тасевски;
У9 ЖС прво место за Софија Шашкова;
У9 ЖС првото место го освоија Звезда Велевска и Софија Шашкова;
У11 МС прво место за Јован Павловски;
У11 ЖС прво место за Ива Живковска;
У11 МД првото место го освоија Лука Стефановски и Јован Павловски;
У11 ЖД првото место го освоија Матеа Павловска и Теодора Павловска;
У13 МС прво место за Марио Џон;
У13 ЖС прво место за Неда Илиева;
У13 МД првото место го освоијаМарио Џон и Никола Шашков;
У13 Микс првото место го освоија Ива Живковска и Јован Павловски;
У15 МС прво место за Далибор Аврамовски;
У15 ЖС прво место за Ивана Ристевска;
У15 МД првото место го освоија Марко Наумов и Марко Христов;
У15 ЖД првото место го освоија Ивана Ристевска и Неда Илиева;
У17 МС прво место за Иван Пејовски;
У17 ЖС прво место за Елена Ристевска;
У17 ЖД првото место го освоија Елена Ристевска и Ива Стефановска;
У17 Микс првото место го освоија Филип Дабевски и Марија Василева;
У19 МС прво место за Борис Цикарски;
У19 МД првото место го освоија Дамјан Стефановски и Филип Дабевски
Сениори МС прво место за Иван Пејовски;
Сениори ЖС прво место за Ина Стефановска;
Сениори МД прво место за Борис Цикарски и Димитар Цикарски.

Се вчитува...