„Пеколен дочек“ за фудбалерите на Аталанта во Бергамо (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Аталанта во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите успеа да се квалификува во нокаут фазата и тоа по неверојатниот расплет во групата Ц.

Успехот е историски бидејќи по првите три кола тимот од Бергамо имаше три порази, но и покрај тоа успеа да обезбеди пласман меѓу шеснаесетте најдобри во елитното натпреварување. Сепак, тие успеаја да го совладаат Шахтјор нагости со 0-3 и да стигнат до историски пласман во осминафиналето.

По враќањето во Бергамо, на аеродромот во три наутро ги дочека армија навивачи кои заедно со своите фудбалери знаеше како да ја прослави големата победа.

 

Се вчитува...