Пеколна пресметка, „војна“ на Леброн и Дејвис – „Кралот“ победи! (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа на домашен терен против Њу Орлеанс со 112-104 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Дуелот на Лејкерс и Пеликанс го одбележаа неверојатните Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. На една страна Џејмс заврши со „трипл-дабл“ од 22 поени, 12 скока и 14 асистенции, а кај гостите Дејвис имаше 30 поени, дури 20 скока и пет асистенции.

Покрај „Кралот“ во тимот на ЛА Лејкерс се издвои и Кајл Кузма со 23 поени и Брендон Инграм со 18 поени.

Јута неочекувано славеше на гостувањето против Портланд со 90-120. Најдобар кај гостите беше Рики Рубио со 24 поени и осум асистенции, а го следеа Кајл Корвер со 18 поени и Џо Инглс со 15 поени.

Демијан Лилард беше најефикасен кај Портланд со 19 поени, а се истакна и Јусуф Нуркиќ со „дабл-дабл“ од 10 поени и 10 скока.

Лесни победи синоќа остварија и Сан Антонио и Чикаго. Сан Антонио ја демолираше Минесота со 124-98, водени од Брин Форбс со 22 поени и седум асистенции, а Марко Белинели имаше 17 поени.

Чикаго на домашен терен беше подобар од Орландо победувајќи со 90-80. Одличниот Финец, Лаури Марканен со 32 поени беше најзаслужен за победата на својата екипа. Црногорскиот центар Никола Вучевиќ беше еден од најдобрите кај орландо со „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 19 скока.

Кошаркарите на Сакраменто, по голем пресврт, го победија Мемфис со 102-99.

Хилд беше најефикасен со 28 поени и осум скока во победничкиот тим, а Богдановиќ дополни со 14 поени и четири асистенции. Кај поразените се истакна Мајк Конли со 23 поени, седум скока и пет асистенции.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...