Пеколни 30 минути во Реџо Емилија… Фиорентина со гол во 97. минута дојде до 3-3… (ВИДЕО)

Сасуоло и Фиорентина одиграа пеколни последни 30 минути во 15. коло од Серија А, во натпревар кој заврши со 3-3 а сите шест погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Драмата која беше „зачинета“ и со два црвени картони – по еден на двете страни, почна откако Сасуоло дојде до водство со голот на Данкан во 63. минута, а Бабакар во 68. минута зголеми на 2-0. Симеоне во 70. минута намали на 2-1, но Сенси со гол во 80. минута донесе 3-1 за домашните. На 3-2 намали Бенаси во 89. минута, а откако во 91. минута Фиорентина остана без Миленковиќ кој беше исклучен, во 97. минута погоди Миралас за конечни 3-3.

Сасуоло со ова реми има 21 бода за осмата позиција на табелата, а Фиорентина со 19 бода е на 11. место.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...