Пеле не верува во Бразил – Не сме тим, Нејмар не може сам!

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле, не верува дека неговиот Бразил може да ја освои титулата на претстојното Светско првенство во Русија. Забелешката на легендарниот бразилски фудбалер е дека Бразил тимски не е на потребното ниво, иако во своите редови има силни индивидуалци.

Имам голема доверба во Тите како селектор, но загрижен сум бидејќи се приближува стартот на СП, а ние понатаму немаме добар тим. Нејмар созреа како играч, има поголемо искуство, но не може сам да го освои трофејот. Индивидуално сме силни, но не сме како тим“ – изјави Пеле за бразилските медиуми.

На СП во Русија, репрезентацијата на Бразил е во група со Србија, Швајцарија и со Костарика. Мундијалот стартува на 14 јуни. Според букмејкерите, Бразил е најголем фаворит за шампионската титула.

Се вчитува...