Пеле: Роналдо е неверојатен атлета, доказ дека посветеноста носи успех

Јувентус ја освои деветтата титула во низа во Серија А, прва со Маурицио Сари на клупата, а втора за португалскиот ас Кристијано Роналдо откако се пресели од Реал Мадрид во Торино.

Легендарниот Бразилец, најдобриот на сите времиња, Пеле, му ја честиташе титулата на Јувентус и посебно го нагласи успехот на Кристијано Роналдо.

“Тој е неверојатен атлета. Роналдо покажа дека посветеноста кон работата и желбата за победа носи успех. Му честитам на Јувентус за титулата и посебно на моите Бразилци кои се дел од клубот”, изјави Пеле.

Се вчитува...