Пелистер доби нов газда, а остана без стручен штаб и раководство

Битолски Пелистер некако како по обичај изминативе години повторно доживува повеќе од тежок период. Убедливо на дното во второлигашката конкуренција, Пелистер барајќи спас за својата иднина од денеска доби нов сопственик во името на Пеце Стојчевски кој го презема мнозинскиот управувачки пакет на клубот.

Стојчевски за битолската фудбалска јавност е добро познат како потпретседател на клубот од пред осум години, но и како стабилен бизнисмен кој може да го врати Пелистер на старите патеки. Сепак дека го очекува повеќе од макотрпна работа доказ е и фактот дека клубот остана без тренерот и спортскиот директор.

Откако пред два дена оставка поднесе тренерот Томче Трајановски поради лошите резултати на тимот, денеска оставка и на спортскиот директор Менде Степановски. Во суштина Пелистер сега од почеток ќе треба да гради и нов стручен штаб и ново раководство.

Според најавите најпрво понеделник треба да се официјализира примопредавањето на управувачкиот пакет на новиот сопственик, а потоа ќе бидат соопштени имињата на новиот тренер и спортски директор.

Претходно се огласија и „Чкембарите“ кои истакнувајќи дека никогаш клубот не бил на вака ниско ниво ги предупредија и градските власти и сите вклучени во функционирањето на Пелистер дека ќе треба нешто да се менува.

Се вчитува...