Екипата на Пелистер успеа да договори нов трансфер, потпишувајќи договор со Миха Котар, 27-годишниот словенечки ракометар што пристигнува од редовите на белградски Партизан.
„Зелено-белите“ летово ќе останат без Тајник, кој ќе се врати назад во Словенија, а управата на клубот реши и новиот среден бек да пристигне токму од словенечкиот ракомет.
„И во следната сезона организацијата на играта на нашиот тим ќе му биде доверена на словенечки среден бек. Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Македонија доаѓа од првакот на Србија, Партизан.
Котар е роден во Требње, поникна во матичниот Тримо Требње, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше дресот на белградски Партизан. Со ангажманот на Котар нашиот клуб добива квалитет, искуство и додадена вредност во тимот. Официјалното претставување на Котар е предвидено во јули на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27. Еурофарм Пелистер покрај Миха Котар во наредниот период ќе донесе и уште еден играч на оваа позиција, со што играчкиот кадар ќе биде комлетен за големи дострели“, објавија битолчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

