По задоцнетиот старт на подготовките за новата сезона, Пелистер сега интензивно во акција за засилување на играчките редови. Најнови имиња меѓу битолчани се Мартин Радуловиќ – Величковиќ, кој доаѓа од Вардар и Рихан Зекири од редовите на Кораби.
Радуловиќ – Величковиќ треба да ја засили дефанзивата, а Зекири средниот ред.
Пелистер претходно ги ангажираше и Јакуп Бериша од Шкупи, Фернандо Силва, Христијан Вецески од Работнички, Филип Миленковски од Струга ТЛ и Алпај Јусуф од Силекс.
Битолчани и во новата сезона од клупата ќе ги води Димитар Капинковски, кој доби нов едногодишен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА