Ракометниот клуб Пелистер ги објави имињата на екипите што ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“, во чест на прославениот ас на битолскиот клуб.
Турнирот ќе се одржи од 30 август до 2 септември во салата „Младост“ во Битола, а покрај домаќинот Пелистер ќе учествува уште еден македонски клуб, новиот суперлигаш Бутел, потоа Олимпијакос од Грција, Селка од Турција, Шербур од Франција, како и Кокс од Финска.
Екипите ќе бидат поделени во две групи, во првата ќе се најдат Селкаспор, Бутел и Кок, а во втората Пелистер ќе се сретне со Шербур и со Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА