Во дуелот на минатосезонските прволигаши, Пелистер со 2:0 го совлада Работнички во рамки на четвртото коло од Втората Македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
До втората победа сезонава, Пелистер дојде со головите на Симеон Христов и Мартин Мирчевски.
И во вториот дуел на поранешните прволигаши, Брера Струмица, со минимални 1:0 ја совлада Македонија ЃП.
Лидер на табелата по четири кола е Брера Струмица со 10 бода,девет има ГФК Охрид, а Беласица и Пелистер имаат по осум бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
