Ракометарите на Е. Пелистер славеа на последниот натпревар сезонава против Алкалоид со 31-26 и на тој начин го потврдијавторото место на табелата во домашниот шампионат.
„Пелистерци“ сезонава мораа да се задоволат со втората позиција над табелата, препуштајќи ја шампионската круна на Вардар.
На крајот, битолчани завршија со ист број бодови како и Охрид на табелата, но поради подобриот меѓусебен дуел обезбедија виза за Европската лига на ЕХФ.
Филип Кузмановски со седум гола беше најефикасен и најзаслужен за денешната победа на Пелистер. Кај Алкалоид, Дамјан Митев постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
