Пелистер го претстави третото засилување: Дарко Илиески една година под „Тумбе кафе“

Фудбалскиот клуб Пелистер се врати во елитното друштво и засилено работи на формирање тим кој ќе биде конкурентен за високи дострели. По Ѓорѓи Танушев и Давор Талески, битолскиот прволигаш го ангажираше и дефанзивецот Дарко Илиески, кој потпиша едногодишен договор.

24-годишниот дефанзивец минатата сезона настапуваше за Шкупи, но одлучи да ја прифати понудата на Пелистер. Кариерата ја почна во 11 Октомври, играше и за Победа и Тиквеш, по што замина и на печалба во Ерменија.

Се вчитува...