Пелистер го врати и Американецот Вилсон

Пелистер комплетираше уште еден трансфер, враќајќи добро познато име во Битола. Станува збор за плејмејкерот Си-Џеј Вилсон кој ја почна минатата сезона меѓу битолските “зелено-бели“, по што замина во шведскиот шампионат.

Новата управа на „пелистерци“ постигна договор со екс-кошаркарот на Кожув, кој се обврза на едногодишна верност кон Пелистер.

„Добро познато име повторно ќе го облече дресот на КК Пелистер. Американскиот Си-Џеј Вилсон, 32-годишен поентер, кој минатата сезона ги бранеше боите на битолскиот прволигаш, се врати во нашиот клуб. По шест месеци минати во Шведска, Вилсон пак ќе го облече зелено-белиот дрес. Во половина сезона во дресот на Содертајле, Вилсон бележеше 11.8 поени, 5.4 aсистенции и 4.9 скокови по натпревар.

Вилсон е добро познато име во Македонија, бидејќи, покрај за Пелистер, го носеше дресот о на Кожув. Си-Џеј Вилсон пред Кожув и Пелистер настапуваше и во Полска, каде со 22,3 поени по натпревар беше најдобар стрелец во својот тим, а претходно беше дел и од шампионатите на Романија, Шведска, Албанија и БиХ“, објави битолскиот суперлигаш.

Се вчитува...