Пелистер го врати Казарновски во Македонија

Израелецот Антон Казарновски по една година пауза повторно се враќа во мак-баскетот, откако постигна договор за преселба во Пелистер. Битолскиот клуб најави дека планира да се вмеша во борбата за влез во Супер-лигата, веќе ангажираше неколку засилувања, а со потписот на Казарновски се добива сериозен квалитет во борбатапод кошевите.

Пелистер ќе биде третиот македонски клуб чии бои Казарновски ќе ги брани во текот на кариерата, откако овој кошаркар претходно настапуваше за Блокотехна и за Карпош Соколи.

Тренер на Пелистер ќе остане Зоран Тодоровиќ, како нови фудбалери ангажирани се Андреј Цветковски од Вардар и Јетмир Зекири од Кожув. Задржани ќе бидат и Михајло Арсовски, Борјан Јовановски и центарот Мико Голубовиќ, а најавено е и останување на Американецот Билер, кој лани беше еден од најдобрите кошаркари во таборот на „пелистерци“.

Се вчитува...