Пелистер го „здроби“ Работнички за зацврстување на лидерската позиција

Пелистер убедливо триумфираше против Работнички во дербито на 21. коло од Првата кошаркарска лига за зацврстување на лидерската позиција на табелата. Битолчани повеќе од заслужено славеа со 94-77 во натпревар во кој доминираа од самиот почеток, па се до крајот.

Уште во првиот период од играта кој им припадна на домашните со 31-20 беше најавената победата на „пелистерци“. Домашните потоа до крајот рутински ја одржуваа предноста постојано зголемувајќи низ следните четвртини. Веќе на полувремето беше 54-39, јасно најавувајќи го победникот на дуелот.

Кошаркарите на Работнички се обидоа да стигнат до евентуален пресврт во последната четвртина, но безуспешно.

Најдобар во победничкиот тим беше Малешевиќ со 21 поен и осум скока, Стајиќ запиша 19 поени и по четири скока и асистенции, додека Калахан имаше 14 поени. Кај Работнички, Торнтон со 21 поен и 15 скока, и Питс со 19 поени беа најдобрите поединци.

Пелистер по оваа победа, се зацврсти на врвот со 17 победи и 5 порази, додека Работнички остана на третото место со 15 победи и седум порази.

Се вчитува...