Пелистер и на Гостивар му „сервираше 100“

Кошаркарите на Пелистер стигнаа до нов триумф во домашниот шампионат, откако во дербито на колото славеа на гости кај Гостивар со 80-100. Битолскиот клуб повторно одигра неверојатно во фазата на напад, а клучната разлика ја направи во третата четвртина која ја доби со плус 13 (11-24).

Кесар со 26 поени и Бојан Трајковски со 22 беа први имиња во победничкиот табор, а одличен натпревар одигра и Никола Малешивиќ кој беше блиску до трипл-дабл учинок откако уфрли 19 поени, надополнети со 9 скока и 8 асистенции. Кај гостиварчани Тодоровиќ заврши со 22 поени.

Се вчитува...