Пелистер и се одмазди на ФМП Академија за поразот во купот

Пелистер поведе со 1-0 во четвртфиналната плеј-оф серија од кошаркарската суперлига против ФМП Академија откако славеше на домашен терен со 89-84. Битолчани успеаја да му се одмаздат на тимот од Кисела Вода за поразот од пред неколку дена во четвртфиналето во националниот куп.

Домаќините одлично го отворија мечот и на полувреме заминаа со висока предност од 17 поени (54-37). Во третиот дел следеше голем пад на „зелено-белите“, по кој гостите со одлична игра во одбраната успеаја пред последните десет минути да намалат на само седум поени (63-70). Сепак, избраниците на Марјан Илиевски успеаја да се консолидираат и да не дозволат противникот повторно да стигне до победа.

Игор Кесар со 22 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа и 31 поен на Стефан Крстајиќ.

Се вчитува...