Пелистер или Еуро Никел – кој ќе ги предизвика аеродромци во финалето?

Вториот патник во финалето на овогодишното издание на Првата кошаркарска лига ќе го дознаеме денеска со почеток од 18 часот и 30 минути во „Боро Чурлевски“ каде Пелситер ќе го пречека Еуро Никел. Овие два тима одиграа одлична полуфинална серија во која ги одбранија домашните терени па денеска се ќе биде одлучено во 40. минутната „мајсторка“.

Пелистер беше доминантен во првиот натпревар одигран во Битола каде течниот напад носеше предност на теренот и лесни поени па „зелено-белите“ го решија натпреварот уште во првото полувреме, но Еуро Никел одговори одлично во Кавадарци каде ги лимитираше бековите и го заштити рекетот за голема победа.

Притоа кавадарчани во „Јасмин“ имаа и предност од 13 поени во последните пет минути, но стравуваа за победата во последниот напад. За вицешампионот да се надева на победа овој пат ќе мора да ја задржи концентрацијата во текот на целиот натпревар, а и да го примени истиот рецепт за победа од пред два дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...