Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со екипирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона. Битолчани и официјално ја продолжија соработката со Кире Ристевски и Стефан Спировски, како и со двајцата млади и перспективни фудбалери, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски.
Ристевски и Спировски, со своето искуство, ќе бидат меѓу носителите на играта, додека Мрмачовски и Димовски претставуваат иднината на клубот и дел од генерацијата на која Пелистер сериозно смета во периодот што следува.
Сите четворица потпишаа нови договори со важност од една година и ќе бидат дел од тимот кој ќе се бори за остварување на главната цел – враќање на Пелистер во Првата македонска фудбалска лига.
Во клубот интензивно се работи на комплетирање на играчкиот кадар, а раководството продолжува со активности за создавање конкурентен тим кој ќе одговори на амбициите на Пелистер.
Новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов, првата прозивка и почетокот на подготовките ќе ги одржи во четврток, кога официјално ќе стартуваат подготовките за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
