Пелистер ќе го брани трофејот против Шкендија, голманот Петровски пенал – мајстор

Пелистер и Шкендија повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија, на 9. мај. Ова ќе биде реприза од минатогодишното финале кое се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, а славеа фудбалерите на битолскиот клуб. „Пелистерци“ по изведување пенали (2-3) беа подобри од Академија Пандев, а херој беше голманот Илчо Петровски кој ја маѓепса својата мрежа. Во регуларниот тек, Академија Пандев на драматичен начин стигна до 2-1.

Пенал – рулетот беше исто така многу интересен и неизвесен. Уште на самиот старт, Илче Петровски го одбрани ударот на Балдовалиев, а и Борче Маневски не погоди, откако неговиот шут заврши во гредата. Атанасов и Трифуновски беа многу посигурни во втората серија. Чешмеџиев беше сигурен за „пандевци“, а Стефан Истатов го одбрани ударот на Благојче Марковски. Но, и Илче Петровски го одбрани ударот на Димов.

Сепак, и капитенот на Пелистер, Гоце Тодоровски не реализира од белата точка. Истото му се склучи и на Марио Крстовски, а Коњарски погоди за 2-2, со што завршија петтата серија пенали. Драмата продолжи…

Илче Петровски го одбрани и ударот на Љупчо Дориев, а ниту Христијан Драгарски не го одведе Пелистер во финалето. Одбрани и Стефан Истатов.

Петровски по ова го одбрани и шутот на Давид Атанаскоски, а Ристе Маркоски конечно го трасираше патот на „пелистерци“ кон новото финале со Шкендија (2-3).

Во регуларниот тек, Академија Пандев со супер-финиш стигна до 2-1, идентичен триумф каков што оствари и Пелистер под „Тумбе кафе“. Први поведоа битолчани со голот на Благојче Марковски во 62.минута, а Јани Атанасов во 73.минута и Марио Крстовски во 90.минута на домашниот тим му обезбедија изведување на пенали.

Се вчитува...