Пелистер ќе се „рехабилитира“ против Црн Дрим

Последниот предвиден натпревар од регуларното 20. коло ќе биде одигран во Битола каде Пелистер ќе се сретне со Црн Дрим во обид да им се врати на победите. Дуелот во „Боро Чурлевски“ е закажан со почеток од 18 часот.

Пелистер ја има фаворитската улога на денешниот натпревар во кој влегува во серија од два пораза во низа и цел за враќање на победите. „Зелено-белите“ се сигурни на врвот на табелата со 14 победи, но ТФТ „дише во врат“ на избраниците на Илиевски со две победи помалку, но и со два заостанати дуела, па секоја победа е чекор поблиску до осигурување на подобро место во пресрет на Суперлигата.

За разлика од Пелистер, Црн Дрим е закован на дното на табелата со само една победа во седумнаесет одиграни натпревари. Стружени сеуште имаат шанси за изборување на опстанок во „елитата“ и следната сезона, но на избранците на Чочороски им е потребна победа за излез од резултатската криза што поскоро.

Првиот меѓусебен натпревар оваа сезона му припадна на Пелистер кој забележа убедлив триумф и ја надмина границата од сто постигнати поени.

Се вчитува...