Пелистер надмоќен во пресметката со Прилеп

Пелистер го победи Прилеп со 35-23  во „пелагониското дерби“ од 8.коло во македонската Супер лига. Поради административните процедури околу регистрацијата, изостана повратничкото деби на Стефан Дрогришки кој деновиве направи трансфер од Еурофарм Работник во Пелистер.

Но, и без полседното засилување во составот, пелистерци доминираа во дуелот со Прилеп и на крај ја запишаа шестата победа сезонава со која се изедначија со Бутел и со Охрид во „тројката“ со по 18 бода зад водечкиот Еурофарм Работник кој по првите осум кола има максимални 24 бода.

Натшреварот позна со изедначена игра во првата четвртина, но потоа Пелистер со серија од 3-0 се одлепи на 12-8. Домаќините влегоа во ефикасен финиш на првиот дел и на одмор заминаа со солидни +6 (16-10).

Во исто темпо избраниците на тренерот Јошко Петковиќ продолжија и во второто полувреме во кое ја сочуваа предноста. На стартот од последната четвртина, домаќините имаа уште една ефикасна серија од 3-0 по која ја зголемија предноста на 28-19 и  осигураа убедлива победа.

Милан Поповиќ со седум гола го предводеше нападот на Пелистер, по пет гола постигнаа Огнен Лековиќ и Никола Стоилевски. Во составот на Прилеп најефикасен беше Давор Шокоски со осум гола.

Се вчитува...