Пелистер не застанува – ново засилување за атак на двојната круна во мак-баскетот

Пелистер има перфектен скор во досегашниот тек од прволигашката сезона, но битолчани донесоа дополнително засилување за зголемување на шансите во атакот на трофеи во кошаркарскиот шампионат.

Српскиот кошаркар Милош Николиќ е нов член на „пелистерци“, откако денеска потпиша договор со лидерот во македонското првенство. Станува збор за 25-годишен играч кој ги покрива позициите „еден и два“, со што уште повеќе ќе се засили бековската линија на тренерот Марјан Илиевски. Николиќ целата кариера досега ја мина во српската лига, настапувајќи за Спартак Суботица, Тамиш и во  последните една и пол сезона носејќи го дресот на Вршац.

Тој е второто ново име на Пелистер ангажирано во текот на зимава, откако од редовите на Кожув пристигна Предраг Пајиќ. Во меѓувреме, клубот го напушти Бојан Трајковски, кој кариерата ја продолжи во македонскиот прволигаш Феникс.

Се вчитува...