Пелистер по пенали подобар од Кит Го, Тиквеш убедлив со Љуботен за осминафинале во Купот

Пелистер и Тиквеш се нови осминафиналисти во Купот на Македонија откако во четвртфиналните пресметки беа подобри од Кит Го, односно Тиквеш. Пелистер најпрво успеа да се спаси со гол во 92. минута за да избегне пораз од Кит Го, а потоа славеше преку пеналите со 4-5, а Тиквеш со убедливи 1-5 триумфираше на гостувањето против Љуботен.

Во повеќе од интересната пресметка во Пехчево, Кит Го беше далеку подобар противник на терен од Пелистер, но дозволи погодок во регуларниот дел за 1-1 што значеше и пенали по кои поуспешни беа битолчани.

Уште во 15. минута тимот на Емил Грнев имаше шанса за водство, но дирекот од голот на Пелистер спречи водство на домашните по обидот на Симевски. Во продолжението до полувреме одлична можност и на Трајче Ефремов во 31. минута но домашната одбрана спречи погодок.

Второто полувреме почна со шанса на Пелистер, но Сандевски со одлична интервенција спречи погодок по обидот со глава на Главевски од само пет метри.

Во 67. минута Бојан Рајков се обиде со волеј удар од 15 метри но над голот на гостите, а во 80. минута Антонио Георгиевски се најде во убава шанса но одбрани Трајчевски.

Во 81. минута следеше погодокот за Кит Го за водство на Андреј Симевски кој прецизно шутираше од 12 метри. И кога се чинеше дека пехчевци по регуларниот дел ќе изборат пласман во осминафиналето, следеше голот на Игор Момировски во 92. минута за конечни 1-1. На крајот со 4-5 во серијата славеа „пелистерци“. За Кит Го промаши Иле Синев во последната петта серија, а погоди Филип Бошковски. Претходно за Пелистер погодија и Љамчевски, Трифуновски, Ангелески и Шопоски, додека кај Кит Го, од белата точка стрелаа прецизно Ташков, Симевски, Тиквешанац и Рајков.

Тиквеш, пак, на гостувањето против Љуботен славеше со 1-5 со головите на Пеев, Лазарев, Митев и во два наврати Ристовски.

Се вчитува...