Пелистер подобар од Борец за враќање на лидерската позиција

Ракометарите на Пелистер стигнаа до 12-та своја победа во 16. коло од Првата македонска ракометна лига славејќи против Борец со 29-25 (18-12) за враќање на лидерската позиција на табелата.

„Пелистерци“ максимално го контролираа натпреварот, од самиот почеток наметнувајќи ритам за победа. Уште од стартот се создаде разлика која потоа само рутински се одржуваше во текот на сите 60 минути.

Најефикасни во победничкиот тим беа Вујачиќ и Николиќ со по шест постигнати погодоци.

По овој триумф, Пелистер со 37 бода се врати на првото место на табелата со три бода повеќе од Охрид, барем привремено со оглед на тоа што охриѓани утре го играат својот натпревар од ова коло на гости против Прилеп 2010.

Се вчитува...