Пелистер подобар од РК Охрид на контролата во Битола

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Пелистер забележа нов триумф во подготовките за новата сезона откако во „Боро Чурлевски“ во Битола славеше над суперлигашот Охрид со 30-23.

Првото полувреме мина во израмнета игра, а за нијанса беа подобри домаќините добивајќи го првиот дел со 15-13. Битолчани во вториот дел уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа до рутински триумф од 30-23.

Борзаш со пет гола беше прво име во победничкиот табор, а младиот Ѓорговски го следеше со три. Кај поразените недоволни беа деветте гола на Цирар.

Се вчитува...