Пелистер најавува експресен камбек во елитното друштво, но битолчани ги очекува многу работа ако се суди според почетните пријателски натпревари што „зелено-белите“ ги одиграа летово.
Откако на првиот дуел загубија убедливо од грчки Паниониос со 8-0, „пелистерци“ денеска беа поразени и на домашен терен, на пријателскиот меч со Охрид со резултат 1-2.
Бакрачески со прекрасен погодок од далечина погодок за водство на Охрид, а гостите при 0-1 имаа уште неколку убави шанси за втор гол, но такво нешто спречи голманот Димовски.
„Резервистот“ Ивановски донесе израмнување за Пелистер, но четири минути подоцна Николовски го постигна победничкиот гол за охриѓани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
