Пелистер потпиша едногодишен договор со Алпај Јусуф

По ангажманот на Филип Миленковски, и Алпај Јусуф е ново засилување за Пелистер за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Битолчани потпишаа едногодишен договор со 23-годишниот фудбалер кој доаѓа од редовите на Кадино каде настапуваше изминатата сезона.

Алпај претходно во својата кариера има настапи и за Силекс, Кит Го, Локомотива Скопје и Милано од Куманово.

Новата сезона во Првата акедонска фудбалска лига почнува на 8. август. Пелистер во првото коло гостува на Македонија ЃП во Скопје.

Се вчитува...