Пелистер продолжи онаму каде што застана – нов триумф за продолжување на перфекцијата

Пелистер ја продолжи перфекцијата во домашното првенство откако во 13. коло славеше и против Академија ФМП со 94-73. Битолчани одново одиграа комплетен натпревар во кој блескаа на двата дела од теренот, рано стигнаа до висока преднсот и истата не ја испуштија до самиот крај.

Битолчани на крилјата на тимската игра доминантно го отворија натпреварот па веќе по првите 10. минути стигнаа до предност од 30-12 со што го наговестија текот на мечот. Гостите од Скопје успеаја да ги консолидираат своите редови во продолжението од првото полувреме, ја кренаа реализицијата во втората четвртина во која стингаа до 24 поени, но успеаја само минимално да ја намалат предноста на домаќините (52-36).

Двата тима го задржаа изедначениот ритам и на отварањето на второто полувреме, но гостите и покрај тоа што на моменти успеваа да ја намалат негативата, не успеаја да се вратат во игра. По крајот на третата четвртина резултатот гласеше 74-55, а последните десет минути беа само формалност.

Игор Кесар беше најрасположен кај битолскиот тим со дабл-дабл од 24 поени и 10 скока, а до ист податок стигна и Малешевиќ кој на дабл-даблот од 20 поени и 16 скока додаде и 6 асистенции. Стефан Крстајиќ беше првото име кај Академија ФМП со 17 поени, додека еден поен помалку запиша Кошанин.

Се вчитува...