Пелистер почнува од каде што заврши: Од Струмица по одбрана на титулата во Купот!

Со натпреварите од 1/16-финалето денеска стартуваат и активностите за прволигашите во Купот на Македонија. Дванаесет натпревари се на денашната програма, со оглед на тоа што Работнички и Скопје директно имаат место во осминафиналето, а Вардар и Шкендија, поради европските обврски, своите натпревари ќе ги играат на 30. август.

Скопје, како и Работнички, се најде директно во осминафиналето откако неговиот противник Лихнидос се откажа од настапот.

Минатогодишниот победник Пелистер одбраната на трофејот во Купот ја стартува повторно во Струмица, така каде и што се радуваше на крајот од минатата сезона. Овој пат на дуел против Беласица.

Академија Пандев ќе гостува на ССК Нова од Драчево во Скопје, Силекс ќе игра против Могила Бимилк, а прилепска Победа оди на мегдан против Плачковица во Радовиш.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ДВОЈКИ (1/16-ФИНАЛЕ)dvojki za kup na makedonija

Се вчитува...