Пелистер продолжува со максималниот ефект: Убедливо против Куманово

Кошаркарите на Пелистер продолжуваат со максималниот ефект во домашниот шампионат, триумфирајќи во 6. коло од Првата лига на домашен терен против Куманово убедливо со 97-71.

„Пелистерци“ ја запишаа и шестата победа, во исто толку натпревари, која не беше доведена во прашање во ниту еден момент од средбата. Домаќините уште првиот период од играта се стекнаа со предност, од 25-18, па иако во продолжението до полувремето успеваа некако да одржуваат резултатска рамнотежа, сепак потклекнаа целосно во второто полувреме.

Веќе третата четвртина Пелистер ја доби со 27-9, што и дефинитивно го одлучи победникот. До крајот домашните само рутински одржуваа ритам за конечна победа од цели 26 поени разлика (97-71).

Најефикасен во победничкиот тим беше Кесар со 22 поени, дополнети и со осум скока, 16 поени запиша Ѓуроски, а по 12 поени постигнаа Трајковски и Малешевиќ. Со двоцифрен ефект од по 10 поени завршија и Стајиќ, Младеновски и Караџовски. Кај поразените се издвоија Холмс со 19 поени, и Настовски и Кејлеб со по 16 постигнати поени. Кумановци го запишаа и петтиот пораз во шестиот натпревар на стартот од сезоната.

Се вчитува...