Пелистер прв финалист на ракометниот турнир во Струга

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се првите финалисти на традиционалниот ракометен турнир во Струга, откако во првиот натпревар од денешната понуда го совладаа Тиквеш со убедливи 38-21.

Во првито дел одличен на голот беше младиот Кизиќ кој буквално ги откажа кавадарчани, а Пелистер на полувреме замина со предност од 20-9.

Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 38-21.

Вардар вечерва ќе се сретне со Бутел меч по кој ќе биде познат и вториот финалист на традиционалниот турнир.

Се вчитува...