Пелистер ремизираше со Ботев Пловдив (2-2), се повреди Мартин Ковачев

Македонскиот прволигаш Пелистер одигра 2-2 против бугарскиот тим Ботев Пловдив во пријателски натпревар на подготовките во Аланија. За жал, уште во почетните минути од натпреварот Пелистер остана без Мартин Ковачев, кој во дуел со Вијана незгодно падна на раката и се повреди. Се уште е рано да се говори за нивото на неговата повреда.

Омар Косоко го доведе Ботев Пловдив во водство уште во првата минута на овој натпревар. Но, Пелистер возврати многу брзо. Во 14.минута, Тошевски беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, а Баже Илијоски од пенал го израмни резултатот.

Во 65.минута, Ботев Пловдив повторно дојде во водство, откако Кристијан Добрев со силен удар под гредата ја затресе мрежата на македонскиот прволигаш. По осум минути, Пелистер повторно израмни, а стрелец на голот беше Мирчевски.

Се вчитува...