Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина.
По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на тимот од Битола е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион.
Мехмедовиќ ракометно потекнува од екипата на Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница од словенечкиот шампионат.
„Официјалното претставување на Мехемдовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27“ – информираат од Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
