Пелистер се засили со Ѓорѓи Танушев

Пелистер го промовираше првото свое засилување за новата сезона во која се враќа во Првата македонска фудбалска лига, досегашниот фудбалер на Академија Пандев, Ѓорѓи Танушев.

И покрај понудите од неколку домашни прволигаши Танушев се одлучи да ја прифати понудата на битолскиот клуб.

Покрај за „пандевци“, Танушев претходно во својата кариера настапуваше и за Хорзонт Турново, Брегалница, Силекс и Победа, како и за српските Слобода Ужице, БСК Борча, Пролетер.

Се вчитува...