Пелистер сигурен против младите вардарци

Ракометарите на Пелистер слеаве убедлива победа против Вардар Јуниор со  37-26, во последното коло од регуларниот дел на сезоната во Супер лигата. Со вкупно 43 бода, пелистерци се враќаат на лидерската позиција на табелата пред Еурофарм Работник кој има 40 бода и Охрид кој е исто така со три бода, но и со натпревар помалку. Во последниот натпревар, утре, Охрид му гостува на Радовиш.

Битолчани ја потврдија фаворитската улога во дуелот со Вардар јуниор и го обезбедија триумфот уште во првото полувреме во кое се одлепија со девет гола предност (21-12). Во вториот дел Пелистер рутински ја доврши работата и на крај славеше убедлива победа со 37-26.

Пелистер го продолжува настапот во плеј-офот за титулата во кој на првите четири екипи во регуларниот дел (Пелистер, Охрид,  Еурофарм Р. и Борец) им се приклучуваат Вардар и Металург. Вардар јуниор ќе настапи во плеј-аутот за останок во Супер лигата.

Се вчитува...